Како да се заштитите од злоупотреби ако купувате онлајн

Bez autora
Oct 19 2023

Дигитализацијата носи многу погодности, но исто така и закани поврзани со кибер-безбедноста.

Сè повеќе има случаи на измами поврзани со користењето дигитални услуги, токму затоа важно е граѓаните при користењето на алатките за онлајн-финансиски производи и услуги да знаат како да ги заштитат своите податоци, а со тоа и својот идентитет и имот од можни злоупотреби.

Народната банка спроведува финансиската едукација со цел подигнување на свеста на јавноста за можните опасности од споделувањето на личните податоци преку дигиталните канали и им дава совети на граѓаните за тоа како треба да ги користат придобивките од дигитализацијата, а притоа да бидат безбедни.

Во европскиот месец на кибер-безбедноста – октомври, Народната банка, заради појаснувања на ризиците, како и мерките за претпазливост што треба да ги преземаат граѓаните за да ги ублажат или да ги отстранат несаканите последици, објави брошура „Безбедност при користењето дигитални финансиски производи и услуги“, која може да ја видите на следната врска.

Во брошурата на систематизиран начин се објаснети повеќе препораки за безбедно користење на дигиталните финансиски производи и услуги. Граѓаните може да се информираат повеќе за дигиталните финансиски канали и услуги што им стојат на располагање (плаќање со платежна картичка преку интернет, електронско банкарство, плаќање со мобилен телефон, онлајн-кредит), за препораките како да се заштитат при користењето на овие услуги, како да ги заштитат своите уреди и своите лични податоци, како и за тоа што треба да преземат доколку се посомневаат во онлајн-измама.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik